Грчките медиуми за најавената посета на Нимиц

Атина, 24 јули 2014 (МИА) - Специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН за прашањето за името на Македонија Метју Нимиц ќе ги посети Скопје и Атина наредната седмица, јавија сите грчки медиуми.

Засега без прогнози и коментари, медиумите само ја пренесуваат веста на државната агенција АНА-МПА која го цитира соопштението на ОН во кое се вели дека „целта на средбите е да се интензивираат разговорите под покровителство на ОН насочени кон изнаоѓање на взаемно прифатливо решение за спорот за името“.

Во Грција исто така се потсетува дека последната средба на Нимиц со претставниците на двете земји се одржа на 6 мај во седиштето на ОН во Њујорк, по што соопшти дека на почетокот на јули ќе ги посети двете земји.

- По средбата во Њујорк, претставникот на Грција, амбасадорот Адамантиос Василакис, за АНА-МПА изјави дека нема разлика во позициите на Македонија, велејќи дека Грција сака  решение, но оти другата страна досега нема направено апсолутно ништо. Таа е на иста позиција како што беше во 1995 година, пишуваат грчките весници.

Грците исто така истакнуваат дека „во меѓувреме, со одлука на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов, новиот амбасадор на Македонија во САД, Васко Наумовски ќе ги преземе должностите на претставник на земјата во преговорите под покровителство на ОН за изнаоѓање решение за прашањето за името“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...