Македонија во категоријата земји со висок човеков развој

Токио, 24 јули 2014 (МИА) - Македонија во континуитет и оваа година напредува според индексот на човековиот развој, се посочува во најновиот Глобален извештај за човековиот развој за 2014 на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Во документот земјата е рангирана како 84-та од 187 земји и спаѓа во категорија на земји со висок човеков развој.

- Граѓаните во Македонија можат да очекуваат дека ќе живеат 6,6 години подолго отколку во 1980 и дека ќе поминат 2,7 години повеќе во школо отколку што тоа би бил случај во 1990-те. Исто така, БНД (Бруто национален доход) по глава на жител, е зголемен за скоро 17% од 1990, се наведува во Извештајот.

Документот, кој ги рангира земјите според Индексот на човековиот развој – индекс кој што комбинира мерки на доход, здравје, и образование, како земји лидери во 2014 во светот ги посочува Норвешка, Австралија, Швајцарија, Холандија и САД.

Земјите, пак, кои што забележаа најнизок степен на човеков развој се Сиера Леоне, Чад, Централната Афричка Република и Конго.

Во регионот,  според Индексот за човековиот развој за 2014, Словенија е на 25 место, Грција на 29, Хрватска на 47, Црна Гора на 51, Србија на 77, Босна и Херцеговина на 86 и Албанија на 95.

Глобалниот извештај за човековиот развој констатира дека и покрај тоа што на глобално ниво човековиот развој бележи раст, сепак тој е значително успорен. Предупредува дека 2,2 милијарди луѓе се сиромашни или се на работ на сиромаштија. Воедно повикува на универзално обезбедување на основни социјални услуги и поодлучни политики за социјална заштита и вработување за сите за да се поттикне и задржи остварениот развој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...