Иванов ги прими акредитивните писма на новиот апостолски нунциј, aрхиепископ Пекорари

Скопје, 24 јули 2014 (МИА) - Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот апостолски нунциј за Република Македонија, архиепископ Анселмо Гвидо Пекорари.

Како што соопшти кабинетот на претседателот, на средбата Иванов му посака добредојде во Македонија и успешно извршување на одговорната должност, упатувајќи поздрави и до Неговата Светост, папата Франциск, со желби за неговата натамошна успешна работа, лична среќа и добро здравје.

- Историските врски меѓу двете земји навлегуваат длабоко во корените на глобалната духовност и универзалните христијански традиции,  а важните личности и настани од заедничкото минато како што се светото дело на скопјанката Мајка Тереза и бесценетото наследство на светите апостоли Кирил и Методиј, претставуваат столбови на културниот образец на Европа, истакнал македонскиот претседател, оценувајќи дека сè уште постои неискористен потенцијал и простор за дополнително продлабочување на соработката меѓу двете земји.

Република Македонија, како што посочи претседателот Иванов, е земја со мултиетничко и мултиконфесионално општество во која религиската различност се чува како богатство и фундамент на човековите слободи.

- Различните верски чувства се суштински дел на заедничката коегзистенција и на меѓусебната почит во ткивото на македонското општество. Република Македонија и Светиот Престол споделуваат заеднички духовни, културни и цивилизациски вредности, кои претставуваат цврсти мостови меѓу двете земји, рекол Иванов.

Архиепископ Пекорари рече дека му ги пренел импресиите на папата Франциск, од неодамнешната посета на македонската делегација во Ватикан и во Рим, предводена од претседателот Иванов.

- Како апостолски нунциј би сакал да ве уверам во мојата целосна посветеност во поддршката и одржувањето на општото добро на оваа прекрасна нација, преку помагање на Католичката црква, но и на сите граѓански и верски заедници, истакна  архиепископот Пекорари.

Новоименуваниот апостолски нунциј додаде дека Светиот Престол и во иднина ќе продолжи со активното и динамично присуство во Република Македонија во насока на зајакнување на меѓусебната соработка, стои во соопштението.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...