Најновиот број на „Сум“ посветен на творештвото на Раде Силјан

Скопје, 24 јули 2014 (МИА) - Вистинските поети, се чини, се оние што и остануваат, од почетокот до крајот, верни на поетската вокација. Такви биле во светските поезии Неруда, Монтале, Гилвик... такви ќе истраат во македонското пеење Шопов, Матевски, Ренџов... Раде Силјан, од својата генерација е секако еден од нив.

Ова е дел од освртот на академик Луан Старова од 2007 година посветен на творештвото на Силјан, како еден од најзначајните домашни поети, критичари, теоретичари, антологичари, а е поместен во новиот 73. број на списанието за книжевност и култура СУМ. Списението, кое излезе деновиве од печат, е специјално мини-монографско издание кое е во целост посветено на творештвото и дејноста на овој поет.

На повеќе од 180 страници во списанието се собрани извадоци од целокупното петдецениско творештво на авторот, осврти од бројни домашни и странски академици, книжевници и теоретичари, а е збогатено и со фотографии.

Раде Силјан е роден на 16 април 1950 година во Жван, Демирхисарско. Завршил Филолошки факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.  Во моментот е директор на книгоиздателството „Матица македонска“ во Скопје, чиј основач е. Бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија во два мандата (2008-2010, и 2010-2014 година), а сега ја извршува функцијата претседател на Собранието на ДПМ.

Автор е на над дваесетина поетски книги, и на бројни антологии, критики, есеи и прилози за македонката книжевност. За своето творештво има освоено бројни награди во земјава и во странство, меѓу кои и државната награда за животно дело „11 Октомври“, „Михаил Еминеску“ во Романија, „Геза Гардоњи“ во Унгарија, и други.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...