„Топол културен бран“ во Крушево

Скопје, 29 јули 2014 (МИА) - Продолжува реализацијата на културните настани во рамките на проектот на Министерството за култура „Топол културен бран“, манифестација која  веќе седум години традиционално се  спроведува во општините низ Република Македонија.

Во градот на културата за 2014 година, Крушево, денеска, во рамките на манифестацијата „Крушево етно-град“, бочварот Миле Талески-Кукин пред посетителите ќе го презентира бочварскиот занает, односно традиционалниот начин на изработка на бочви.

На градскиот плоштад во Крушево, пак, со почеток во 21 часот, концерт ќе одржи етносоставот  „Синтезис”, кој е еден од македонските  најголеми културни амбасадори. Посетителите на Крушево ќе можат да уживаат во она најубавото, исконското, непроценливото македонско фолклорно богатство, во македонската распеана мелодија, македонскиот ритам, исполнет со звукот на традиционалните инструменти, соопшти Министерството за култура.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...