Скопје, 30 јули 2014 (МИА) - По 3 години затвор добија шестмина насилни демонстранти од протестите кои на почетокот на месецов се одржаа во Скопје против пресудата во случајот „Монструм“. Двајца добија ослободителни пресуди, за едниот обвинителот го повлече обвинението, а другиот судот го ослободи бидејќи немало докази.
Шестмината обвинети остануваат во притвор до правосилност на пресудата и солидарно треба да ја надоместат штетата направена на двата скопски Основни суда од околу 26 илјади евра.
Ова е пресудата што денеска ја донесе Кривичниот суд. Во протестите против „Монструм“ повредени беа дваесетина полицајци и беше причинета значителна материјална штета. цр
Одбраната на обвинетите во завршните зборови барала да се казнат вистинските виновници за насилството и каменувањето на судовите.