Се уредуваат повеќе локации во Крива Паланка

Крива Паланка, 30 јули 2014 (МИА) - Јавното претпријатие „Комуналец“ ја уредува јавната површина спроти градскиот парк во Крива Паланка. Моментно се работи на уредување на зелената површина и поставување на обележјето каде ќе биде лоциран грбот на општина Крива Паланка.

Директорот на ЈП „Комуналец“ информираше дека се работи на доуредување на сите јавни површини во градот, а моментно екипите од претпријатието го уредуваат просторот спроти паркот кој до неодамна беше запуштен и обраснат со трева.

- Сега работиме на брегот покрај магистралниот пат. Нашите екипи веќе ја израмнија и засадија површината со зеленило. Оваа локација ќе биде едно обележје на градот, каде го поставуваме грбот на општина Крива Паланка. Чекор по чекор го уредуваме секој објект, секоја јавна површина за да бидат достапни за граѓаните, изјави Томе Тодоровски, директор на ЈП Комуналец. 

Тодоровски додаде дека се работи и на внатрешниот дел на кејот на Крива Река. Имено, се декорира просторот околу пешачката патека.

- Покрај веќе поставените декоративни лебеди, поставени се уште две украсни птици, два штрка обликувани со цвеќе. Истите се изработени од страна на вработените во нашето претпријатие, а во план се уште неколку хортикултурни уредувања на повеќе локации во градот. Во соработка со општината сакаме да направиме едно достапно катче за шетање во Крива Паланка каде што ќе биде интересно за помладата и постара популација, рече Тодоровски.

Според Тодоровски планирано е поставување на уште две птици уредување на уште неколку катчиња во општината.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...