Во мостра од свински врат докажан генетски профил на листерија

Скопје, 6 август 2014 (МИА) – Во мостра од вакумиран сечкан свински врат, производ на „Екстра меин“ од Куманово земен во малопродажбата во Гевгелија, е докажан генетски профил на изолираната листерија кој е со 98 процентна сличност со генотипот кај осуммината заболени од листерија од кои четири починаа.

Ова попладнево го изјави претседателот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, Звонко Миленковиќ по завршување на состанокот на Комисијата.

Добиените резултати, посочи тој, значеа обврска на Комисијата за информирање на надлежните институции во земјата кои ги преземаат натамошните процедури за постапување.

- Ова значи сериозна насока за лоцирање на изворот на заболувањето. Надлежните институции имаат задача преку епидемиолошки постапувања да преземат натамошни мерки за следење на ланецот на појава на заболувањето, истакна Миленковиќ.

Појасни дека од вкупно 650 испитани мостри во овој период, во 30 случаи се пронајдени примери на изолати на листерија моноцитогенес, но во производи кои се предмет на термичка обработка и кои ги сметаат за безбедни за консумација, особено што тој причинител е чувствителен на температура над 70 степени целзиусови.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски рече дека по известувањето од Министерството за здравство, инспекторите од Агенцијата ги презеле сите мерки предвидени со Законот во овој случај и наредено е веднаш повлекување на сите производи од овие лотови од малопродажбата.

- Тоа е веќе завршено. Се работи за лот произведен на 21 јули со рок на траење до 4 септември. Значи сето она што е во малопродажбата веќе се повлекува. До вечер ќе биде завршено повлекувањето од малопродажбата. Во исто време согласно Законот наредено е сопирање на производството за да може да се земат мостри од работните површини, од машините, од сите оние делови каде што евентуално може да се најде листеријата за да се изврши споредување со изолатите земени од кај луѓето, потенцира Рунтевски.

Исто така, појасни, наредено е земање мостри и на сите производи кои одат на пазарот.

- Иако се работи за производ кој е произведен во средината на јули односно по избивањето на сите овие случаи, генотипизацијата која ја добивме од страна на Факултетот за ветеринарна медицина дава одредена насока во која треба да се насочи натамошната истрага за да се утврди изворот на бактеријата. Според она што го имаме како апаратура, како инструменти и како стручен кадар сметам дека Република Македонија има капацитет да ја заврши работата, рече Рунтевски.

Додаде дека согласно Законот за безбедност на храна, доколку операторот пушта во промет небезбеден производ, казните се 8.000 евра за правното лице и 2.500 евра за одговорното лице во правното лице доколку свесно пуштаат небезбедни производи во промет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...