Деветти потврден случај на листерија во Македонија

Скопје, 7 август 2014 (МИА) - Кај пациент хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести-Скопје денеска е добиен позитивен изолат на listeria monocytogenes од ликвор како причинител за менингоенцефалит, соопшти попладнево Министерството за здравство кое за новиот случај на листерија пред половина час било известено од Клиниката. 

Станува збор за пациент на возраст од 46 години од Неготино, хоспитализиран на Инфективната клиника на 3 август со гастроентероколит и бронхопневмонија, кој се наоѓа во потешка здравствена состојба и веднаш е поставен на механичка вентилација. Поради клиничката слика започнато е и со пеницилинска терапија, а во лекувањето дополнително се вклучени и доктори-анестезиолози од КАРИЛ.

Имајќи ја предвид должината на инкубација на ова заболување, веројатноста за инфицирањетo кај овој пациент е во периодот од 1 јуни до крајот на јули оваа година.

Во тек е спроведување на проширени епидемиолошки анкети од епидемиолози од Центарот за јавно здравје-Велес, во однос на претходни заболувања, консумација на храна и други потребни податоци за можна поврзаност со храна.

На изолатот на листерија ќе се направи генотипизација заради утврдување на поврзаност на овој случај со останатите лица, а исто така е побарано и потврдување на позитивниот изолат од страна на микробиолошката лабораторија од Институтот за јавно здравје-Скопје, стои во соопштението.

Ова е деветти потврден случај на листерија во Македонија од јуни до денеска. Досега четири лица починаа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...