В сабота „Охридска софра“ во Скребатно

Охрид, 21 август 2014 (МИА) – Традиционални охридски јадења, ѓомлезе, домашно сирење и мед, градинарски култури и други домашни производи, ќе бидат претставени в сабота на втората манифестацијата „Охридска софра“ во село Скребатно.


Ѓоко Апостолов од Секторот за туризам и економски развој денеска на прес-конференција информира дека манифестацијата ќе почне во 10 часот, а целта се промоција на традиционалните јадења од охридскиот регион.

- Централно место ќе има натпреварот во подготвување  ѓомлезе, како еден од највкусните охридски специјалитети. За натпреварот  се пријавени 24 учесници, а наградниот фонд е 20 илјади денари. Подготовката на ѓомлезето ќе почне пред девет часот, а посебна жири-комисија по два и пол часа ќе го дегустира подготвеното ѓомлезе и ќе ги соопшти победниците, рече Апостолов.

Студентите од Факултетот за туризам и угостителство ќе приготвуваат трационални јадења од охридскиот регион, а во забавниот дел концерт ќе одржи групата „Chalgia Sound System“.

- Ваквите промотивни  манифестации посебен интерес предизвикуваат кај странските туристи. Токму затоа, покрај претставниците на угостителско-туристичкиот еснаф и граѓаните во Скребатно очекуваме и поголем број  гости од странство, кои престојуваат во Охрид, истакна Апостолов.

Манифестацијата „Охридска софра“ ја организира Општина Охрид  со поддршка на Министерството за култура.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...