Македонија може да произведе доволно пченка

Скопје, 28 август 2014 (МИА) - Само со засадување нови 7.000 хектари пченка под систем за наводнување „капка по капка“ и современа агротехника, Македонија може да го замени годишниот увоз од 62.000 тони.

Како што вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, со инвестиција од 17 милиони евра за седум години добивката според сегашните цени би изнесувала 128 милиони евра.

- Ваквата анализа ја презентираше Карл Ларкинс, координатор на Проектот на УСАИД што го спроведува корпорацијата „Карана“ кај повеќе од 120 земјоделски производители во пелагонискиот, полошкиот, вардарскиот и североисточениот регион. Двегодишното искуство покажа дека со примена на системи „капка по капка“, совети од локални експерти, протоколи за наводнување и соодветни агротехнички мерки, се добиваат 13 тони на хектар пченка наспроти 4,8 со другите системи за наводнување. Производната цена од 12,5 е намалена на 4,1 денар за килограм, појаснува министерот.

Земјоделците вклучени во овој проект добиваат бесплатна опрема и совети, а семенскиот материјал сами го набавуваат, односно го користат истото семе кое и досега го користеле на своите ниви.

- Меѓу приоритетите на Министерството е и рационалното користење на водите со изградба на нови и модернизација на постоечките хидро-мелиоративни системи. Во следните 10 години за оваа цел ќе бидат вложени 200 милиони евра преку Статегија со Акциски план. Покрај ова, се работи и на подобрување на други сегменти кои треба да го зголемат земјоделското произвоство по единица површина - окрупнување на малите и раситнети парцели, обука на фармерите и нивно здружување со цел земјоделството да биде прфесионална и доходовна дејност, нагласува Цветков.

Подвлекува и дека Министерството подржува проекти со кои земјоделците директно и преку сопствено искуство ги согледуваат финансиските и еколошките ефекти од напредната технологија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...