Која е пораката од Берлинскиот самит

Поскоро решавање на отворените прашања за добри меѓусоседски односи

Берлин, 29 август 2014 (МИА) – Решавање на отворените прашања што е можно поскоро во интерес на добри меѓусоседски односи, меѓу кои и прашањето на името помеѓу Македонија и Грција преку подготвеност за компромис од сите страни, се најде во заклучоците на финалната декларација на учесниците на самитот Германија-ЕУ-Западен Балкан што се одржа денеска во Берлин.

Учсниците повикаа и дека во една плурална демократија опозицијата мора да биде во можност да ја остварува својата улога во Парламентот, но мора и да го сака тоа. 

На заедничката прес – конференција во Владата на Германија со претседателот на ЕК Жозе Мануел Баросо и албанскиот премиер Еди Рама,  Меркел истакна дека денешната конференција е симболичен начин да се покаже напредокот кој е постигнат во Европа и на Балканот по Првата, Втората светска војна и воените конфликти на Балканот. Таа е воедно и потврда дека ЕУ и Германија сакаат да придонесат кон иднината на Западен Балкан и добробитта на луѓето претворајќи ја во четиригодишен процес во обид да се надминат политичките прашања, како и да се поттикне регионалната соработка во областа на инфраструктурните проекти, енергетиката, проекти за размена на млади.

- Сакаме процесот на евроинтеграција да постигне брз напредок. Две земји - Хрватска и Словенија се веќе членки на ЕУ, други постигнаа значаен напредок, односно стигнаа до предпристапната фаза. Сакаме овој процес забрзано да продолжи, а тоа зависи од секоја земја поединчено, рече канцеларот Меркел.

Според Баросо, целта на ЕУ е јасна, а тоа е сите земји од Западен Балкан да станат дел од Унијата што претставува политички, економски и геополитички интерес. За да се постигне таа цел додаде, меѓу другото потребно е инвестирање во регионалната соработка и особено во инфраструктурата, за што на земјите им се на располагање пари кои се доделуваат преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА), но и од други меѓународни финансиски институции.

- ЕУ ќе продолжи да ја игра нејзината водечка улога преку наменска финансиска помош, а инструментот за претпристапна помош ќе стави на располагање речиси 12 милијарди евра помош за периодот 2014-2020 година. Тоа не се само добри намери туку се повеќе од добри намери, а 20 проценти од овие фондови ќе бидат наменети само за регионални проекти, рече Баросо.

Тоа, додаде, е потврда за посветеноста на ЕУ кон регионот.

- Сакам да пренесам порака до луѓето од регионот, кои денес гледаат во Берлин дека постои вистинска перспектива за нивното членство во ЕУ, порача Баросо.

Инаку, во декларацијата дека земјите учеснички, меѓу другото, се обврзуваат дека во следните четири години ќе постигнат реален прогрес во реформите, а особен предизвик останува борбата против корупцијата, јакнење на независноста на судството, поддршка на слободата на медиумите, постигнување одржлив економски раст преку отворени пазари и странски инвестиции.

На самитот во Берлин инициран од Меркел учествуваа премиерите и министри за економија и за надворешни работи на Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора, БиХ и Косово, како и претставници на Франција, Австрија, Словенија и на Хрватска.

Домаќин на следната конференција во формат Германија-ЕУ-Западен Балкан ќе биде Австрија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...