Иванов се сретна со Ердоган и Давутоглу

Скопје, 29 август 2014 (МИА) - Македонскиот претседател Ѓорге Иванов учеството на инаугурацијата на новоизбраниот претседател на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган во Анкара го искористи и за неформални средби со негови колеги.

На средбите претседателот Иванов им го честиташе преземањето на новите функции на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и на новиот премиер, Ахмед Давутоглу.

Во разговорите, како што информираат од кабинетот на Иванов, било нагласено взаемното задоволство што двете земји традиционално го негуваат - исклучително пријателски односи, кои се на ниво на стратешко партнерство. Взаемен заклучок е дека во наредниот период во фокусот на соработката треба да бидат економијата и инвестициите.

На интерес на соговорниците, претседателот Иванов ги запозна со актуелните политички и економски состојби во Република Македонија. На средбите беше разговарано и за состојбите во евроатлантските интеграции на Република Македонија, како и за претстојниот НАТО самит во Велс. Беше договорена динамика на средби и размена на посети во наредниот период.

Иванов во разговорите со Емирот на Државата Катар размени информации и мислења за развојот на билатералните односи, при што е договорена размена на посети во наредниот период со цел давање на дополнителен импулс во соработката.

За можностите за јакнење на билатералните односи и соработка, претседателот Иванов разговараше и со претседателот на Казахсатан, Назарбаев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...