Нов случај на украдени македонски таблички во Грција

Скопје, 1 септември 2014 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден на граничниот премин „Богородица“ е пријавен нов случај на украдени регистерски таблички  од возило на македонски државјанин.

Случајот е пријавен од страна на лицето В.Д. од Скопје  во чија сопственост е возилото марка „Шкода Јети“ од кое биле украдени регистерските таблички. Сопственикот на возилото пријавил дека на 25.08.2014 година во туристичкото место Ханиоти, Република Грција му биле украдени двете регистерските ознаки, по што случајот го пријавил во грчката полиција .

Со овој нов случај на украдени регистерски таблички, соопшти денеска МВР,  бројката на вкупно украдени регистерски таблички за оваа година достигна вкупно тринаесет, а досега регистрирани се и пет оштетувања  на регистарски ознаки, со што забележуваме континуитет на проблеми од ваков карактер со кои мошне често се соочуваат  македонските туристи во Грција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...