Изложба во чест на копаничарот Петре Филипоски - Гарката

Скопје, 2 септември 2014 (МИА) - Во Домот на културата „Наум Наумовски - Борче“ во Крушево денеска ќе биде отворена 57. изложба на копаничарски дела во чест на големиот македонски копаничар Петре Филипоски - Гарката.

Со изложбата, чиј организатор е Здружението на копаничари на Македонија - Битола, почнуваат септемвриските културни активности од манифестацијата „Крушево град на културата 2014“.

Пред отворањето на изложбата, напладне, во црквата „Св. Никола“ ќе се одржи панихида по повод 160 години од смртта на Гарката.

Во прерсет на одбележувањето на Денот на независноста на Македонија кој истворемено е и Ден на ослободувањето на Крушево, општината најавува богата културна програма. На 7-ми септмеври вечер, пред споменикот „Илинден“ концерт ќе одржи Влатко Стефановски, а следниот ден, на платото на месноста Гумење, концерт ќе одржи ансамблот „Танец“.

„Крушево град на културата 2014“ се организира со поддршка на Министерството за култура.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената одненадеж се враќа дома и ја затекнува домашната помошничк седната во скутот на мажот и.
Аууу - мажу! - извикува сопругата. Па нема ни половина час како ти ги испеглав...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...