Ако не се реши прашањето за името, можни внатрешни проблеми

во Македонија

Брисел, 2 септември 2014 (МИА) - Министерката за надворешни работи на Италија и нова Висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, денеска во Европскиот парламент предупреди доколку набрзо не се реши наметнатиот спор за името со Грција, дека е можно нарушување на внатрешната состојба во Република Македонија.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Могерини, која пред Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европарламентот настапи во својство на претседавач со Советот на Унијата, исто така посочи дека е потребно да се вложи поголем напор со цел да се реши деценискиот спор меѓу Македонија и Грција.

- Треба поголем напор, не само во контактите со Македонија, туку и со другите држави. Треба да се обидеме да го решиме тоа прашање и работите да тргнат напред оти и внатрешната ситуација во земјата може да отиде во непосакуван правец ако прашањето за името не се реши и работите не се променат, истакна Могерини која по именувањето за наследник на Кетрин Ештон (позицијата ќе ја преземе откако ќе се состави целиот Колеџ на комесари, најверојатно на 1. ноември), постојано ја ословува нашата земја со навредливиот акроним „ФИРОМ”.

Иако посочи дека проширувањето е на агендата на Италијанското претседателство со ЕУ кое ќе трае до крајот на годината, Могерини повтори дека се очекува решение на спорот за името со Грција, со цел Македонија да напредува во евроинтеграциите.

Инаку, како што е познато, Македонија е земја-кандидат за членство во Унијата веќе девет години, а пет години по ред добива позитивни препораки од Европската комисија за почеток на пристапните преговори. Поради грчкото вето на Европскиот совет, Македонија не може да ги почне преговорите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...