Министерот Адеми ја посети тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Тетово, 2 септември 2014 (МИА) - Минстерот за образование и наука Абдилаќим Адеми и градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи денеска ја посетија тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“  каде во изминатиот период беа спроведени повеќе зафати -  обнова на фасадата, подот и централното греење на главниот објект. Вкупната вредност на инвестициите е околу  200 илјади евра, обезбедени од Министерството за образование и наука.


- Тетовскта гимназија имаше успешен старт на учебната година и во двата објекта - во централниот и тој во училиштето во Дреновец. Она што е важно е дека нема намалување на бројот на паралелките, туку имаме намалување кај бројот на учениците, така што тој сега се движи од 25 до 27 по паралелка. Според нас тоа е позитивно бидејќи овозможува подобри услови за успешна настава. Втора карактеристика за целата општина е што има зголемен број ученици во училиштата за средно стручно образование и до 30 отсто повеќе во однос на минатата година,  што се должи на уписната политика на министерството и општината и одлуката во гимназијата и медицинското училиште да не се примаат ученици со помалку од 60 освоени бодови, изјави Адеми.


Градоначалничката Арифи рече дека општината ќе продолжи да инвестира во средното образование со средства од сопствен буџет, ќе ја продлабочи соработката со надлежносто министерство и ќе се обиде да соработува со меѓународниот фактор.

- Што се однесува до двете стручни училишта во Тетово - текстилчното и земјоделското, радува податокот што и двете имаат подолгорочни проекти со норвешката влада и УСАИД, што одат во правец и на зголемување на бројот на учениците при уписите, рече Арифи.


Според Намикќемал Мустафа, директор на тетовската гимназија, во годината кога таа  бележи 70 години од своето постоење зафатите за нејзина обнова многу придонеле  за подобрување на условите за настава.


Општина Тетово веќе има доставено барање до Министерството за образование и наука за поделба на гимназијата на два субјекта, бидејќи со над три илјади ученици таа е меѓу поголемите образовни субјекти во Македонија.

Доколку до крајот на годинава Владата и Министерството дозволат нејзина поделба, од општината најавуваат и доставување барање за изградба на дополнителен објект со што ќе се решат просторните проблеми во средното образование во Тетово.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...