Донација на јорганчиња во Кривопаланечките институции

Крива Паланка, 16 септември 2014 (МИА) – Општинската организација на Црвен Крст од Крива Паланка донираше 150 јорганчиња во неколку јавни институции од општината, обезбедени преку Црвениот Крст на Република Македонија.

-Станува збор за донација од фирмата „Комфи Ангел“ од Прилеп која достави 10.000 јорганчиња во Црвен Крст на РМ, а оттаму истите беа распределени во 35-те општински организации во земјава. Кривопаланечкиот Црвен Крст доби 150 јорганчиња кои во соработка со локалната самоуправа и институциите беа распределени, информираше Жаклина Цветковска, претседател на ОО на Црвен Крст од Крива Паланка.

Цветковска додаде дека зависно од потребата на институциите во координација со нив најголемиот дел од донацијата е доставена во два клона на градинката.

Директорката на градинката, Жанета Маџовска, рече дека донацијата е добредојдена и е направена во вистинско време.

-Ние имаме одлична соработка со општинскиот Црвен Крст, пред неколку дена го одбележавме светскиот ден на првата помош, а денешната достава на 130 јорганчиња е гест за кој сме неизмерно благодарни, бидејќи станува збор за голема количина јорганчиња кои ни се повеќе од добредојдени. Особено во овој период од годината кога започнуваме со активности, имаме нови дечиња во установата, а и нови, удобни и лесни за одржување јоргани, нагласи Маџовска.

Акцијата за распределба на јорганчињата се одвиваше во координација со локалната самоуправа на општината, а градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски  истакна дека секоја ваква активност е за поздравување и треба да им служи како пример на останатите субјекти од општественото живеење.

-Ја поздравувам денешната акција на ОО на Црвен Крст од Крива Паланка кој како и многу пати до сега ја покажа својата вистинска мисија. Соработка на локалната самоуправа со Црвениот Крст е на високо ниво и се остварува на повеќе полиња од општественото живеење,  додаде Алексовски.

Од општинската организација на Црвен Крст од Крива Паланка информираа дека 150-те јорганчиња се доставени на вистинското место, од кои 130 во детската градинка „Детелинка“, 15 во Општинскиот ученички дом „Боро Менков“ и уште 5 ќе бидат донирани во некоја од здравствените установи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...