Да дебатираме за рамнотежа помеѓу централната и локалната власт

Скопје, 17 септември 2014 (МИА) - Наместо да зборуваме за „децентрализацијата“, која има и позитивни и негативни толклувања, време е да дебатираме за рамнотежа помеѓу централната и локалната власт и за тоа како да се постигне вистинска рамнотежа на овластувањата и одговорностите, е порака од министерот за локална самоуправа Лирим Шабани, на денешната презентација на проектот „Градење ефективна и демократска локална власт“, финансиран од Европската унија.

Според него, единиците на локалната самоуправа се покажале како најсоодветно ниво на власт за обезбедување услуги директно на граѓание. Централната власт, нагласи Шабани, ја одредува стратешката насока и ја поставува целокупната политика во рамки на нашите економски можности во планирањето, образованието, регионалниот развој..., а самата имплементација, подвлече, треба да остане на локалната власт.

- Нормално и европски е споделувањето на одговорноста помеѓу централната и локалната власт да биде под постојана контрола. Наша цел е да се подобри квалитетот на животот на граѓаните преку обезбедување безбедна средина каде што ќе се реализираат нови економски можности и каде што ќе биде заштитена нашата физичка и природна средина, рече меѓу другото во обраќањето министерот за локална самоуправа Шабани.

Роберт Лидел, од делегацијата на ЕУ нагласи дека демократијата ќе се унапреди преку процесот на децентрализација. Во таа насока, истакна, Владата соработува за да се забрза овој процес и да се охрабрат локалните власти и граѓанското општество. Оцени дека е потребно да се вложат повеќе напори за да се осигураме, како што рече, дека се нуди квалитетна услуга и се оди кон деполитизиран систем на регрутирање на вработени, без оглад на која политчка паритија припаѓаат, но и да се намали корупцијата...   

Алан Пакер, лидер тим на холандската агенција Екорис, која работи на овој пеоркт,потенцира дека важни за граѓаните се економска и социјална благосостојба, образование, заштита и владеење на правото, здраво живеење, еколошка благосостојба и добро управување и демократска ангажираност. Според досегашните наоди, посочи, од 10-те пилот општини вклучени во проектот, поголемите урбани општини имаат подобар пристап до фондови,особено кредити и имаат поамбициозни проекти кои се фокусираат врз зголемување на квалитетот на живеење и подобрување на стандардите за урбан живот над обезбедување на најосновните услуги. Постои тренд, оцени, на нееднаков развој помеѓу стандардите за руралниот и урбаниот квалитет на живеење поради расположливост ана финансиите. Финансиски средства достапни за општинските проекти се грантовите од ЕУ - ИПА Компонента 5 за рурален развој, Министерството за транспорт и врски и најразлични билатерални донатори. Проблеми со кои се соочуваат општините, истакна, е голем број различни општински стратегии, акциони планови, немање приоритети, неповрзаност со општинскиот буџет, утврдените приоритети не се разработени во детали, а граѓаните и другите засегнати страни, не се свесни за врвните приоритети на општините. Од „Екорис“ меѓу другото, во клучните препораки посочуваат дека во моментот во Макеоднија не постои систем за следење и оценување, туку посочи само инспекција. Таквиот систем, препорачуваат, треба да се развива оддолу-нагоре.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...