Намалените критериуми на тендерот се за поголема конкуренција

Скопје, 17 септември 2014 (МИА) - Не станува збор за намалување на критериумите во поглед на квалитетот на инсулин на последниот тендер. Станува збор за овозможување преку намалени критериуми на поголема конкуренција односно овозможување поголем број економски оператори или компании да учествуваат на тендерот.

Ова го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали се намалени критериумите при последниот тендер за инсулин што би влијаело на неговиот квалитет.

- На минатиот тендер сме барале GMP сертификат, сега тој не е потребен бидејќи мора да го донесе секој оној кој сака да регистрира лек во Република Македонија. Нема потреба да го бараш во тендер бидејќи не може никој да продава или да врши промет со лекови во Република Македонија без да има таков сертификат, посочи Тодоров пред почетокот на симулациската вежба „Сообраќајна несреќа со поголем број повредени“ во Градскиот парк на која учествуваше.

Потенцира дека во некои медиуми било објавено дека со намалување на критериумите се местел тендерот за некој оператор.

- Со намалување на критериумите само се овозможува поголема конкуренција. Комплетно спротивно од тоа што се претставува и тоа е една ревносна стратегија, да се претстави дека се мести тендерот за некого во услови кога се намалуваат критериумите со цел поголем број компании да учествуваат, да има повисоко ниво на конкуренција и да го добие тендерот оној кој ќе обезбеди најдобар квалитет по најниска цена, рече Тодоров.

По овие критериуми, нагласи министерот, ги распишуваме и сите претходни тендери, посебно ќе го нагласам тендерот со кој се овозможи и паралелен увоз на лекови преку кој јавното здравство заштеди за една година 360 милиони денари (околу шест милиони евра).

Одговарајќи на новинарско прашање истакна дека во Република Македонија огромен процент (80 отсто) од лицата кои се инсулинозависни примаат најсовремен инсулин во светот односно аналог инсулин.

- На пример во други држави ако се направи компарација ќе се види дека тој процент е многу понизок некаде и двојно помал. Некогаш станува збор и за многу побогати земји од Македонија каде процентот на аналози е многу помал во однос на хуманите инсулини. Во оваа ситуција практично немаме замена на аналог на најквалитетен инсулин со хуман инсулин туку имаме замена на еден аналог инсулин со друг аналог. Едниот е од данска компанија, а другиот е од компанија од САД, појасни Тодоров.

Истакна дека станува збор за исклучително квалитетни инсулини кои ги има и заболените од дијабетес во инсулинските аптеки подигнуваат инсулин кој им е потребен.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека во Република Македонија нема недостиг од инсулин.

- Тие што се инсулинозависни добиваат инсулин и тоа исто така аналог квалитетен од компанија од САД, една од трите најголеми компании за производство на инсулин во светот, додаде Тодоров.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...