Средба на раководството на СДСМ со претставникот на генералниот секретар на ООН Дју

Скопје, 18 септември 2014 (МИА) - Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заменик претседателката, Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски денеска се сретнаа со претставникот на Генералниот секретар на ООН и раководител на канцеларијата на ООН во Белград, Питер Н. Дју.

На средбата се разговараше за актуелната политичка и безбедносна состојба во државата.

Според соопштението од СДСМ, претставникот на генералниот секретар на ООН посебно се интересирал за капацитетите за решавање на политичката криза и го акцентирал како важно создавањето демократски амбиент во којшто ќе се решат сите отворени прашања. Заев ги објаснил 5-те теми за разговор што ги бара опозицијата во преговорите со власта и коишто се темелат на препораките на ОБСЕ/ОДИХР. 

- Клучно за граѓаните на Македонија, за државата и за демократијата во земјава е да се обезбедат гаранции за практичната примена на евентуално договореното, што е единствено можно со споделување на одговорноста помеѓу власта и опозицијата при неговата реализација, навел на средбата Заев.

Претставникот на Бан Ки Мун, Питер Н.Дју, се интересирал и за меѓуетничките односи во земјава и порачал дека за иднината на Македонија од големо значење се евро-атлантските перспективи.

Раководството на партијата соопштило дека Социјалдемократскиот сојуз е посветен на препораката за почеток на преговорите со Европската Унија во овогодинешниот Извештај и оти останува определен кон овие стратешките цели за државата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...