Измени на Законот за територијална организација

Скопје, 18 септември 2014 (МИА) - Осум села за кои се издаваат лични документи, а кои досега не биле опфатени со територијалната поделба од 2004 година, ќе бидат вметнати во Законот за територијална организација на локалната самоуправа.

Ова го предвидуваат измените на Законот за територијална организација на локалната самоуправа кои веќе се во собраниска процедура.

Измените се однесуваат на седум општини и тоа Велес, Куманово, Пехчево, Гази Баба, Ѓорце Петров, Тетово и Новаци.

Покрај ова, поради проблем во издавањето на личните документи се предлагаат и технички корекции на имињата на некои села.

Ресорниот министер Лирим Шабани денеска на прес конфернција истакна дека измените се направени на барање на граѓаните и оти со предложените измени не се прави промена на општинските граници.

- Се работи за села кои постојат повеќе од 100 години, а поради некоја случајност не се ставени во Законот кога е донесен законот. Доколку произлезат амандмани кои се во функција на граѓаните и нивното полесно функцонирање, ќе бидат земени предвид, нагласи Шабани.

Со цел да се поттикне економскиот развој во општините, Министерството за локална смаоуправа ќе почне со реализација на нов проект, односно ќе отвора бизнис центри и мрежи за инклузивен развој во осумте региони.

Во Скопскиот, Полошкиот, Источниот и во Југозападниот плански регион ќе бидат отворени центри за поддршка на приватниот сектор, а за нивно функционирање обезбедени се по околу 30 илјади долари за секој посебно.

Во Вардарскиот, Североисточниот и во Пелагонискиот регион ќе бидат воспоставени мрежи за инклузивен развој, односно станува збор за институционални партнерства меѓу локалната власт, бизнис и граѓанскиот сектор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...