Одбележување на Светската недела на нарушување на растот

Скопје, 19 септември 2014 (МИА) - Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања „Раст“ денеска ќе се придружи на глобалното одбележување на Светската недела на нарушување на растот.

Во рамки на одбележувањето на Светската недела на нарушувања на растот на плоштадот „Македонија“ ќе биде организирано бесплатно мерење на висината и тежината на сите дечиња кои ќе имаат желба да проверат дали нивната висина е соодветна за возраста. Мерењето ќе се одвива денеска во периодот од 10:30 до 16:00 часот и ќе бидат реализрани од медицински екипи на ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата – Козле.

Дел од дечињата со нарушувања на растот членови на ова Здружение ќе продефилираат низ улица „Македонија“ и плоштадот „Македонија“ заедно со малите фудбалерчиња од Фудбалкиот клуб „Ѓорче Петров“, предводени од поранешниот репрезентативец Васко Божиновски.

Целта, како што велат од Здружението, е да се подигне самодовербата кај дечињата и да се укаже на важноста на физичката активност кај сите деца како предуслов за здрав раст и развој.

Одбележувањето на Светската недела на нарушувања на растот е поддржано од Фондот за здравствено осигурување на РМ, Министерството за труд и социјална политика на РМ, ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата Козле – Скопје, ЕВН, Ново Нордиск и Екошарк.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...