Светски ден на нарушување на растот: Клучно раното откривање

Скопје, 19 септември 2014 (МИА) –   Раното откривање е клучно во третманот на децата со нарушувања на растот. Покрај редовното земање терапија  за децата со таква здравствена состојба истовремено се важни мотивацијата, јакнењето на самодовербата и физичката активност.

Такви пораки упати денеска Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања „Раст“ коешто со низа активности се приклучи на глобалното одбележување на Светскиот ден на нарушувања во растот. 

Според претседателот на Здружението  „Раст“, Александар Петровски, сто дечиња со нарушување на растот примаат редовна хормонска терапија покриена од Фондот за здравствено осигурување,  а буџетот е строго наменски и се распоредува преку Детската клиника.  Неофицијално, како што рече Петровски, триесет до четириесет дечиња условно се на листа на чекање за терапија.  Дијагностицирањето го врши еден ендокринолог, а терапијата се подига само од Скопје.

– Голема олеснителна околност е што направивме да важи еден упат годишно, со што се кратат трошоците и времето на родителите  на децата кои доаѓаат во Скопје да ја подигнат терапијата, а  која за жал се подига само во овој град, за разлика од останатите земји кои имаат други протоколи за подигање, изјави Петровски. 

Според него, социјализацијата и  меѓусебното дружење на дечињата е многу  важно осообено за размена на искуства во делот на терапијата. На последниот камп што го организирале за дружење на дечињата во Отешево успеале  голем дел од нив да ги мотивираат сами пред спиење да почнат  да аплицираат терапија.  

Ваквата здравствена состојба, порачува Петровски, не треба да се крие. Имаме дечиња кои навистина не го кријат тоа, но за жал и родители кои  не сакаат дури ниту нивното потесно семејство да знае за тоа што се случува. Тоа воопшто не е за криење затоа што голем дел од членовите на семејството  се ангажирани околу едно детенце да се мотивира, а особено во почетната доза кај помалите дечиња со оглед дека треба да се убедат за боцкање секоја вечер пред спиење, рече Петровски.

Маја Парнарџиева Змејкова, директор на ФЗОМ, смета дека благодарание на Здружението „Раст“, родителите  кои зборуваат отворено и  институциите се овозможува постепено интегрирање на дечињата и остварување на нивните права како и  другите.

Хормонската терапија за децата со нарушувања на растот на годишно ниво изнесува 50 милиони денари. Станува збор  за скапа терапија, но, посочи Парнарџиева Змејкова, парите се оправдани затоа  што  благодарение на неа се овозможува нормално функционирање. Не е во прашање само  висината туку и нормалниот физчки и психички  развој на целиот детски организам. Овозможуваме нормални  функции на овие деца благодарение на терапијата, рече Парнарџиева.

Пред три-четири години за терапија се ријавиле 70 деца, а сега бројката достигна сто. Зголемувањето се должи на се поотвиреното зборување за болетаста и едукацијата на родителите и градинките.

Директорот на Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“ Оливер Зафировски апелира болеста да не се крие туку напротив да се лекува. - Што порано се открие тоа е  подобро за детето за да може да биде прифатено правилно од  нашата заедница и да има свој социо-економски развој. Тоа е и целта на оваа кампања и на Здруженеито што работи на ова поле. Болеста мора да се лекува бидејќи се лекува, рече Зафировски. 

Светскиот ден на нарушувања на растот во Македонија се одбележува првпат, а мотото е „Да додадеме боја во животот на децата! Не се работи за висината, туку за здравјето“. Здружението „Раст“ на плоштадот „Македонија“  организираше бесплатно мерење на висината и тежината. Во активностите се вклучија медицински екипи од  Институтот „Козле“, како и дечиња од фудбалскиот клуб „Ѓорче Петров“ кои продефилираа на плоштадот заедно со дечиња со нарушувања на растот. До сите здравствени установи во наредниот период Здруженеито „Раст“ најави дека ќе дистрибуира водич со одговори на прашања поврзани со нарушувања на растот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...