Само претпоставки како исчезна Дениса, точни информации нема

Врз основа на извештаите во понеделник грчкиот обвинител ќе одлучи дали Маркоска ќе биде прогласена за исчезната или ќе даде нови насоки до грчкиот оддел на Интерпол за продолжување на истрагата, пренесува Канал 5.

Со хрватски морнари и македонски хотелски работници, купен од руска фирма, а сопственикот е оф-шор компанија од британските девствени острови -приказната за лавиринтот на бродот Серенисима ја дополнува уште една земја, Сент Винсент и Гренадин под чие знаме како што се гледа од сликава плови овој брод од кој минатиот петок исчезна 23-годишната прилепчанка Дениса Маркоска.

Одговори точни нема туку само претпоставки.

Потрагата на отворено море меѓу грчките острови Карпатос и Крит каде се претпоставува дека ја снемало Дениса е завршена, а грчкото јавно обвинителство во понеделник ќе го разгледува извештајот доставен до нив за морската потрага.

Од МНР соопштија дека преку дипломатски канали официјално добиле известување за вклучувањето на критскиот обвинител во случајот.

Обвинителот во понеделник врз основа на извештаите ќе одлучи дали Маркоска ќе биде прогласена за исчезната или ќе даде нови насоки до грчкиот оддел на Интерпол за продолжување на истрагата.

Првичните информации кои дописникот на Канал 5 од Атина ги доби од надлежните органи во Грција и на Крит се полициските претпоставки дека причина за исчезнувањето на 23-годишната Дениса не е криминално дело туку пад во морето.

Полицијата ги базирала овие претпоставки врз основа на исказите на дел од екипажот кои исто така не виделе ништо туку само со претпоставки ја насочиле истрагата на грчката полиција.

Не е познато дали грчката полиција ги испрашала сите членови на екипажот и патниците иако надлежните во Атина на дописникот на Канал 5 тврделе дека тие разговори се извршени.

Цимерка на исчезнатата прилепчанка била постара жена од Русија со која заедно работеле во кујната, и никој нема информација дали таа жена е испрашана и што знаела за однесувањето на Дениса.

Во меѓувреме и адвокатот Џим Вокер специјализиран за морско право е заинтересиран за случајот и стапил во контакт со семејството на Дениса.

Тој на својот сајт пишува дека токму претпоставките на екипажот биле основа за истрагата да води кон пад во вода.

Вокер објаснува дека во речиси сите слични случаи кога девојки ќе исчезнат на брод на отворено море – компаниите без докази објаснувале дека станува збор за самоубиство. Затоа е најбитно да заврши истрагата и да се најдат соодветни докази за да се утврди што точно се случило со Дениса Маркоска.

Родителите ги добиле работите на девојката, и едно кратко соопштение од капетанот на бродот без никакви детали туку само со израз на жалење за судбината на Дениса.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...