Насмеани и ведри лица на велосипед

ФОТО: Скопје ја чува планетата Земја

Бојан Бошковски

Скопје и неговите граѓани денеска ја одбележаа „Европската недела без автомобили“ и многумина од нив утрово пристигнаа на своите работни места со помош на велосипедот.

Убавото сончево време и желбата за рекреација, но и совеста кон екологијата и зачувувањето на животната средина во која живееме беа пресудни Македонците да бидат дел од неделата без автомобили. За поздравување е фактот дека користењето на велосипедот како превозно средство е се поприфатен помеѓу граѓаните, па да се надеваме дека во иднина луѓето се повеќе ќе возат велосипед, а помалку автомобил, барем за кратките дестинации.

Инаку, вработените во Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија се вклучија кон акцијата „Европска недела без автомобили“ координирана од Министерството за животна средина, односно не користеа автомобил туку возеа велосипед, пешачеа или го користеа јавниот превоз.

- Оваа акција има за цел да нè поттикне на размислување во една апсолутно исправна насока на зачувување на сопственото здравје и заштита на животната околина. Токму поради тоа, како прв човек на Областа за човечки ресурси но и како спортист, јас би ги повикал нашите колеги што почесто да го оставаат автомобилот дома и до работното место да доаѓаат пеш, со јавен превоз или, пак, со велосипед“.- изјави Лазар Поповски, Главен директор за човечки ресурси, кој утринава возеше велосипед до работното место.



Како поддржувачи на оваа акција и активни учесници и во велосипедската парада и завршна прослава, ја пренесуваме пораката за почиста животна средина и подобро здравје.

Да се надеваме дека  ќе расте бројот на луѓето кои ќе го користат велосипедот секојдневно и дека Скопје во иднина ќе заличи на Амстердам и на другите европски градови каде велосипедот важи за главно превозно средство до работа. 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...