Средба Котески-Креј

Соработката на АРМ со НГ на Вермонт, пример за останатите институции

Скопје, 22 септември 2014 (МИА) - Соработката на АРМ со националната гарда (НГ) на сојузната држава Вермонт од САД е одлична, а потврда за тоа меѓу другото е заедничкото учество во меѓународните мировни операции и нивното успешно завршување, заедничката обука, воено-техничката соработка, како и делот што се однесува на заедничките иницијативи во однос  на балканските медицински сили.

Ова го изјави началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески по денешната средба со командантот, на националната гарда (НГ) на сојузната држава Вермонт од САД генерал-мајор Стивен Креј, кој од денеска претстојува во тридневна официјална посета на АРМ.

Потсетувајќи дека досега околу 4 илјади припадници на АРМ и на НГ на Вермонт учествувале во заедничка обука, генерал-потполковник Котески информира дека на средбата е разговарано за понатамошни заеднички вежби, за размени на искуства во меѓународни мировни операции и за упатување на дел од персоналот на АРМ, вклучувајќи го и медицинскиот персонал кој ја опслужува полската болница на Ниво 2 во Вермонт.

На средбата се разговарало и за нова иницијатива која би можела да се реализира идната година за заедничка конференција и вежба на земјите од регионот кои имаат партнерство со националните држави од САД, да се формира единица која ќе биде подготвена да се справува со одредени кризни ситуации, како поплави, земјотреси во регионот. Имаме цел, нагласи Котески, и да се зголеми соработката и довербата во регионот во однос на безбедноста и сигурноста.

- Убеден сум дека оваа соработка на АРМ со НГ на Вермонт е еден успешен пример за соработка и на остантите институции во Република Македонија со институциите од Вермонт и САД, изјави началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Котски, изразувајќи благодарност за досегашната поддршка од НГ на Вермонт и на САД.

Ова пријателство, потенцира генерал-мајор Стивен Креј, за мене значи и партнерство. Само во овој месец, подвлече, има четири одделни активности кои се одвиваат меѓу АРМ и НГ на Вермонт.

Тој истакна дека Македонија и Вермонт имаат една полна историја која трае 22 години, во која има околу стотина ангажмани и распоредувања во Авганистан, како и воспоставување трајно пријателство помеѓу овие две земји. Тоа, оцени генерал-мајор Стивен Креј, го прави ова партнерство навистина силно.

- Македонските војници треба да бидат навистина горди со нивните достигнувања и за сето она што го постигнаа во изминатите години, на истиот начин на кој ние сме горди од постигнатото партнерство, изјави Креј. Вредностите за кои јас се залагам во НГ на Вермонт, додаде, се интегритет, служба и извонредност, а нашите војници и војниците на Македонија ги споделуваат тие вредности и навистина е лесно да се работи со луѓе кои го имаат истиот поттик и имаат желба да станат најдобрата сила. 

Генералот Креј претходно оствари средба со министерот за одбрана Зоран Јолевски, а планирано е да ги посети Воено-мецинскиот центар, Школата за обука на пилоти и воздухопловната бригада на АРМ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...