Работилници во рамки на проектот „Оживување на културното наследство во прекуграничните региони меѓу Бугарија и Македонија“

Штип, 23 септември 2014 (МИА) - Општина Штип и бугарската општина Благовград го реализираат проектот „Оживување на културното наследство во прекуграничните региони меѓу Бугарија и Македонија“. Во рамки на втората фаза од проектот од денеска до 1 октомври во Штип ќе се одржуваат работилници во кои учество ќе земат студентите и младите од двете општини кои се партнери во проектот.

Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев истакна дека проектот „Оживување на културното наследство во прекуграничните региони меѓу Бугарија и Македонија“ ќе донесе и нова размена на искуства, но и соработка со општината Благоевград за други проекти кои се финансираат од фондовите на ЕУ преку ИПА програмата за Меѓугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија.

- Штип верувајте има предуслови во неколку сегменти да се развива туризмот, тука е нашето културно-историско наследство, значи овде се наоѓа тврдината Исар од средниот век. Морам да кажам дека ние имаме во делот на нашето црковно живеење, многу цркви, стари и убави, имаме две галерии на икони и во тој сегмент можеме да имаме туризам, посочи Захариев.

Тој додаде дека градот Штип може да привлече туристи и од соседните земји, бидејќи многу историски личности и објекти се наоѓаат во Штип, а исто така и многу битки од Првата и Втората Балканска војна се водени во околината на Штип.

Во рамки на втората фаза од проектот вклучен е и Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, заедно со професорите и студентите од катедрата за археологија и историја.

Универзитетскиот професор Трајче Нацев рече дека преку работилниците учесниците во проектот од Штип и Благоевград ќе се запознаат со културното наследство кое го нуди Штип, а потоа ќе изработуваат проекти како тоа да се промовира, но и ќе научат како се изработуваат грнчарски предмети, занает кој веќе е во изумирање.

Тој очекува преку проектот да се направи и Туристичка мапа на општина Штип, во која ќе бидат нотирани сите културно-историски споменици и локации кои туристите треба да ги посетат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...