Отворена просторија за дневен престој во ПОУ „Златан Сремац“

Скопје, 24 септември 2014 (МИА) – Со средства собрани од Меѓународниот добротворен базар 2014, организиран по повод 1 јуни - Меѓународниот ден за заштита на детето, денеска во Посебното основно училиште „Златан Сремац“ беше пуштена во употреба просторија за дневен престој.

Просторијата е замислена и опремена да функционира како дневен престој и работилница. Неа ќе ја користат децата кои во ова училиште посетуваат настава, но ќе биде отворена и за други деца со посебни потреби.

На базарот се изработуваа предмети кои подоцна беа продавани, а средствата собирани за опремување на просторијата. Меѓу другото, децата од ова училиште заедно со академскиот сликар Жани Гелевска Велјаноска изработија една голема слика „Дрво на среќата“, која беше купена од една банка, а средствата, исто така, беа искорстени за опремување на работилницата.

Базарот, четврта година по ред, го организираат „Добредојде“ - Macedoniva welcome center заедно со странските амбасади во Македонија и македонската бизнис заедница.

Средствата од базарот се наменети за Посебното основно училиште „Златан Сремац“. Минатата година беа донирани во Центарот за даунов синдром, а манифестацијата во 2012 година беше посветена на Посебното основно училиште „Иднина“.

Почесен претседател на годинашниот Базар е амбасадорот на Србија, Душанка Дивјак-Томиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...