Бришкоска Бошковски: Со реформите во правосудството до поголема заштита на правата на граѓаните

Скопје, 30 септември 2014 (МИА) - Во изминатите 100 дена од функционирањето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ континуирано се работеше на реализација и подготовка на голем број проекти и реформи од сферата на правото и правосудниот систем со цел потранспарентно, поефикасно и независно судство и зајакнување на судскиот систем во Република Македонија, истакна на денешната прес-конференцја Билјана Бришкоска Бошковски.

Овие реформи, како што посочи, се насочени кон обезбедување побрза постапка во судовите во Македонија и поголема заштита на правата на граѓаните, а ќе придонесат во хармонизацијата на нашето право со европската легислатива.

Говорејќи за проектите кои се однесуваат на заштитата на човековите права, Бришкоска Бошковска рече дека преку измените на Законот за извршување на одлуките на Европскиот суд за човекови права, подобрен е системот на извршување на овие одлуки.

- Редовно и континуирано се објавуваат преводи на пресуди на Европскиот суд на интернет страницата на Министерството за правда и Академија за судии и јавни обвинители, а пуштена во употреба е и Датабаза на судската пракса на овој суд во рамките на која пресудите, кратки прикази на предметите и стручни коментари се достапни, истакна таа.

Бришкоска Бошковски рече дека се во тек повеќе проекти од областа на граѓанското право, измените на Законот за парнична постапка, изработка на нови текстови на Законот за извршување и Законот за нотаријат, започнати се активности за развој на медијацијата, а Судскиот совет на РМ започна со активности за обезбедување соодветен простор во судовите за одржување на медијација.

- Во областа, пак, на казненото право, изготвена е работна верзија на нов закон за јавното обвинителство, која е во фаза на меѓуресорска консултација... Воспоставен е Систем за управување со предмети во јавните обвинителства за едноставно управување со кривичните предмети и следење на статусот на секој предмет, додека во рамки на ИПА 2010 Проектот „Набавка на опрема за правосудните институции (ССРМ, Врхвоен суд, судови, АСЈО, СЈО)“ е предвидено да се обезбеди  хардвер, софтвер и друга опрема за јавните обвинителства и да се воспостави интерконекција на ИКТ системот на јавното обвинителство со судовите, рече Бришкоска Бошковски.

Истакна дека се преземаат и активности за натамошно зајакнување на судовите и судскиот систем, а во насока на намалување на висината на судските такси за 15 отсто за физички лица кои доставата на поднесоците до суд ќе ја извршат по електронски пат се подготвени измени на Законот за судски такси.

Говорејќи за реформите во затворскиот систем, потсети дека е започната првата фаза на изградбата на новите објекти во КПД Идризово, со што ќе се опфати изградена површина од 43.000 метри квадратни, а сегашниот капацитет од 900 места ќе се зголеми за 1.637 лица.

- Веќе е во тек изградба на комплетно нов воспитно-поправен дом Тетово со површина од 2.640 метри квадратни со капацитет за 84 малолетни лица. Во насока на изградба на нови објекти во Затворот Скопје со површина од 12.235 метри квадратни и капацитет од 750 осудени и притворени лица, проектната документација за изградба и реконструкција е изработена и ревидирана, и до крајот на годината  ќе започне градбата на објектите..., рече таа.

Бришкоска Бошковски посочи дека правото и правниот систем во една држава е огромно поле за работа. - Пред нас стојат уште многу предизвици со кои треба да се зафатиме и на кои веќе работиме со цел да изградиме што подобар правосуден систем кој ќе ги гарантира правата на граѓаните, пофункционални судови и владеење на правото и правната држава, додаде таа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...