Запленети 14 килограми марихуана на ГП Делчево

Скопје, 1 октомври 2014 (МИА) - Вчера попладне на граничниот премин Делчево за излез од Република Македонија, царинските службеници запленија 14 килограми марихуана спакувани во 28  паковки со различна големина, обвиткани со пластична фолија и облепени со самолеплива трака.

- Возилото марка Ауди,  управувано од Д.Б кој бил придружуван од М.М. и К.А. сите државјани на Република Македонија,  било селектирано од страна на царинските службеници од причина што лицата пројавувале нервоза во текот на вршењето на интервјуто од страна на цариниците. Иако на прашање на царинските службеници дали имаат нешто да пријават за царинска контрола лицата одговориле негативно, царинските службеници пристапиле кон детална контрола на возилото, истакна Кирил Зајков управител на царинарница Штип.

Лицата и дрогата, појасни тој, се предадени на царинските инспектори од Одделението за истраги за понатамошна истрага.

- Предистражната постапка во соработка со Јавен обвинител е се уште во тек и по комплетирањето на целиот случај и по прибирањето на сите материјални докази, Одделението за истраги при Царинската управа до надлежното Јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против осомничените поради основано сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“, информираше Зајков.

Од почетокот на годината до сега запленети се 102 килограми марихуана, еден килограм амфетамин, 96 таблети метамфетамин и 19,5 килограми хероин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...