Промовирани избрани дела од Тодор Чаловски

Скопје, 2 октомври 2014 (МИА) - Издавачката куќа „Галикул“ од Скопје објави избрани дела во пет тома на писателот Тодор Чаловски, кои денеска беа промовирани во Друштвото на писателите на Македонија.

Чаловски (1945) е поет, литературен критичар, есеист и преведувач, кој активно твори 45 години. Негови дела се објавени во голем број  антологии и во други изданија со кои е претставена македонската литература,  а негови стихови  се преведени на петнаесетина јазици.

Богатиот поетски и критичко-есеистички опус на Чаловски во македонската писателска асоцијација го претставија претседателот на ДПМ Веле Смилевски и професорите од Филолошкиот факултет Весна Мојсова-Чепишевска и Венко Андоновски.

- Творештвото е за мене животен предизвик, бидејќи цел живот, освен литературата ништо повеќе не ми претставувало задоволство. Круна на секој творец е објавувањето негови книги, а се разбира и ако дочека  избрани дела. Тој чин е поплочен со многу несоници, трепети и неспокојства што секој творец ги има како своја судбина. Ова е и радост и своевидна обврска да продолжам до крајот на животот и да се остави бележита трага, рече Чаловски.

Во ДПМ Чаловски членува од 1969 година. Бил и претседател на Друштвото и претседател на Собранието на ДПМ. Добитник е на највисоките признанија за поезија што се доделуваат во Македонија. Основач е на Книжевната колонија во Галичник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...