Казнети 72 пешаци за едно деноноќие на подрачјето на Скопје

Скопје, 8 октомври 2014 (МИА) – Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди.

Од нив, една е со последица материјална штета и девет се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле пет возачи на патничко моторно возило, шест сопатници, тројца пешаци и еден мотоциклист.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случиле уште три незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 72 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорот за пешаци, четворица возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 18 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 11 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, седум возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и 28 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на своето возило.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи предавања со децата од предучилишна возраст во детската градинка „Срничка“, објект „Црвенкапа“ и „Чекорче“ кои се наоѓаат на територијата на општина Аеродром.

Денеска во времето од 10 до 13 часот поради изведување на градежни работи на ул. „Киро Глигоров“ ќе има времено изменет режим на сообраќај при што сообраќајот ќе биде пренасочен од крстосницата со ул. „Перо Наков“ па се до крстосницата со ул. „808“. Сообраќајната полиција апелира до сите учесници во сообраќајот, особено до возачите да ја почитуваат времено поставената сигнализација и да бидат внимателни заради себе и заради другите учесници во сообраќајот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...