ВИДЕО: Кривични пријави за 14 судии и 11 судски службеници од Основен суд Скопје 1

Скопје, 8 октомври 2014 (МИА) - Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство Скопје во рамки на акцијата „Јустиција“ поднесе кривична пријава против 14 судии од Одделението за прекршоци во Основен суд Скопје 1 и против 11 судски службеници од истиот Суд осомничени за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на денешната прес-конференција појасни дека пријавените во својство на судечки судии во текот на 2012 и во првото тримесечје од 2013 година заедно со останатите пријавени во својство на тужбени лица кои работеле со нив, постапувајќи по над 8 илјади прекршочни предмети кои се примени во Судот во текот на 2010 година нанеле штета со неизвршување на службената должност на Буџетот на РМ од 1.308.515 евра за ненаплатена, а пресудена глоба, како и 3.773.500 денари за ненаплатен, а претходно пресуден паушал.

- Денеска по претходно преземени оперативно-технички мерки и активности 24 лица се лишени од слобода и изнесени пред надлежен јавен обвинител. Во моментов се уште се работи на обезбедување на уште еден судија, информира Јанкулоска.

Таа појасни дека пријавените ги воделе судските постапки без притоа обвинетите да се појавуваат на рочиштата, со констатација дека тие се недостапни за судот, а се со намера да помине подолг временски период и да се оддолжи постапката.

Најчесто, посочи Јанкулоска, по одржување на последното рочиште, судијата во законки предвидениот рок, а понекогаш и по истекот на тој рок, носел осудителна пресуда и изрекувал санкција во глоба и мерка забрана, а во месечниот извештај го прикажувал предметот како казнив и пресуден.

- Наместо да ја верификува и експедитира пресудата во прекршочната писарница, со што таа би станала правосилна по предвидениот рок за жалба, а подоцна и извршна, судијата донесената пресуда ја чувал кај себе подолг временски период односно до периодот после застарување на делото. откако истото ќе застарело ја верификувал и доставувал во писарницата, образложи министерката за внатрешни работи.

Судските службеници пак, примерокот од пресудата по налог на судиите, доставувале само до подносителот на пријавата, а не и до обвинителот.

- Вака доставената пресуда, по нејзиното застарување, со потпис на судијата на соодветно изготвен штембил неспоменат во судскиот Деловник чиј текст гласи: Согласно чл.42 ст.7 од Законот за прекршоци, „се запира“ прекршочната постапка према обвинетиот поради застареност на прекршочното гонење“,  на самиот штенбил има и дата и потпис на судија со која дата и потпис предметот се архивира без да се извести подносителот на истото, посочи министерката Јанкулоска.

Одговарајќи на новинарско прашање дали МВР има некакви сознанија за тоа дали се работи за корупција со парични средства на осомничените судии за да ги извршат овие дела, министерката Јанкулоска истакна дека не секогаш тоа било случај бидејќи во одреден дел од предметите се работи за лична услуга за лицата против кои се водела постапка.

- Во јавноста често се зборуваше на оваа тема и се добиваше впечаток дека е јавна тајна оти голем број од прекршоците воопшто не се реализираат во смисла на наплата на глоба или казна, на крајот не успеваат да дојдат до финална завршница во судството и врз основа на ваквите  во тоа време шпекулации, а сега веќе потврдени информации за кои имаме основани сомненија дека се сторени кривични дела, започнавме  анализа која само го потврди она што јавно или помалку јавно се зборуваше, рече министерката за вантрешни работи Горднаа Јанкулоска одговарајќи на новинарското прашање кога во МВР се вклучи алармот за ова почеток на оваа акција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...