Deutsche Welle

“Јустиција“ за ред или страв во судовите?

Судската фела вознемирена, експертите загрижени по големата акција “Јустиција“ во која беше уапсен речиси целиот тим делители на правда во судот за прекршоци. Има ли одговорност кај Судскиот совет и политиката?

Доцна синоќа по целодневниот распит во судот сите 24 приведени куртулија од притвор, но добија забрана за напуштање на местото на живеалиште. Судијата им изрече забрана за вршење на дејност на 9 активни судии и 10 службеници, а останатите 5 осомничени кои не се во работен однос или претходно биле суспендирани, имаат обврска да се јавуваат пред овластено службено лице. Ваквиот расплет практично го обезглавува судот за прекршоци кој останува без речиси целокупниот персонал. Што тоа ќе значи и како ќе се надмине ќе биде појасно по одлуката на судскиот совет кој сега треба да решава за суспензија односно одземање на имунитетот на судиите и службените лица, по што најверојатно ќе стартува и судски процес.

Судиите молчат

По изведената акција во судските редови владее шокираност, но и молк. Ниту еден од судиите со кои контактираше Дојче веле не сака јавно да коментира за она што ги снајде нивните колеги. Од Здружението на судии велат дека денеска ќе одржат итна средба на управниот одбор на кој ќе расправаат за целиот случај: “Ова што се случи е скандал, но не би сакал да изнесувам личен став околу целата работа пред состанокот на управниот одбор“, изјави за Дојче веле член на здружението.

Во јавниот молк на судиите, се огласи експертската јавност која реагира пред се на начинот на кој е спроведена целата досегашна постапка.

„Шокантен е начинот на кој постапи полицијата. Да се апсат 15 судии од дома не знам дали е начин на кој треба да реагира полицијата што според мене е проблематично од аспект на уставот и законите. Да, полицијата може да апси ако е затечена на некое место на злосторство или кривично дело, ама вака да се приведуваат судии, па каде ќе бегаат тие ако веќе се обезбедени сите докази за толку обемен предмет. На ваков начин се врши притисок врз целата постапка. Каде е судскиот совет кој досега требал да реагира ако е така како што стои во обвинението. Конечно, каков е тој суд каде безмалку сите судии работеле незаконски. Ако е така тогаш освен правно се отвора и политичко прашање, прашање на одговорност. Кој ги бирал и именувал тие судии, зашто досега никој кој е надлежен за надзор на нивната работа не реагирал“, коментира Гордан Калајџиев, универзитетски професор по кривично право.

Каде е политичката одговорност?

Со сличен став е и универзитетскиот професор Осман Кадриу. Целиот случај според него е загрижувачки и ги исфрла на површина проблемите и недоследностите кои, како што вели, со години фрлаат дамка на работата на судската власт.

„Не сум доволно запознат со деталите за овој случај, но едно е јасно. Надлежните мора да бидат внимателни и одговорни во целата постапка бидејќи се работи за конкретни судии за кои веќе е отворен случај. Како поранешен член на судскиот совет морам да потенцирам дека сум загрижен за ова што се случува во правосудството. Очигледна е потребата од здрави реформи што постојано ни се укажува и во извештаите од Брисел каде има забелешки за партизација и корупција во судските органи, проблемите со кои се соочени граѓаните, долготрајните постапки и слично. Ова што е откриено не е ништо ново во судовите и тоа и во повисоки инстанци. И за еден случај на злоупотреба треба да има одговорност, па и кривична, дури и политичка. Од аспект на следењето и постапувањето не е спорна реакцијата на полицијата, но каде бил досега судскиот совет. Тој не треба да е имун од целата ситуација. Секоја година тој има преглед за сите предмети во судовите, решени, нерешени, застарени. Чудно е ако имало толкава бројка како што се наведува во конкретниот случај што не се реагирало претходно“, коментира Кадриу.

Надлежните ги товарат осомничените за криење во фиока на повеќе од 8.000 предмети за кои не била наплатена казна со што според обвинителството буџетот бил оштетен за над 1,3 милиони евра. Според МВР осомничените воделе постапка без да се појават обвинетите. Судските казнени пресуди биле внесувани како извршени но биле чувани во фиоки се до нивно застарување. На застарените пресуди се ставал и противзаконски изготвен штембил дека постапката се запира. „Започнавме анализа која само го потврди она што јавно или помалку јавно се зборуваше дека голем дел од прекршоците воопшто не се реализираат во смисла на наплата на казна или глоба“, рече на прес конференција министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...