Повеќето македонски портали ја пренесоа веста дека позната македонска фолк пејачка е возачот кој вчера усмрти пешак на улицата Франклин Рузвелт во Карпош.
Иако од полицијата се уште нема официјална потврда кое е лицето со иницијали А.А, дел од медиумите шпекулираат дека стенаува збор за Адријана Алачки, при тоа повикувајќи се на порталот Вистина.мк.
Имено
вчера околу 16:10 часот, на улицата “Франклин Рузвелт” во близина на крстосницата со улицата “Руѓер Бошковиќ”, А.А. (47) од Скопје со својот автомобил ауди, со скопски регистарски таблички, удрила во скопјанецот Киро Деловски (76) од Скопје.
Деловски од ударот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Брза помош бил пренесен на скопските клиники. Покрај напорите на лекарите, по околу два часа починал.