Deutsche Welle

Нема обдукција, ќе се чекаат анализите од Германија

Телото на починатиот Британец за кој постоеја сомневања дека заболел од вирусот на ебола се чува во изолација. Ќе се испитува дури откако ќе пристигнат анализите на крвта од Германија

Обдукција на телото на починатиот британски државјанин нема да се прави се додека не стигнат резултатите од мострите од крв и ткиво, кои веќе се испратени во референтна лабораторија во Германија. Според последните информации, анализите од Германија треба да стигнат утре попладне.

Такви биле советите од светската здравствена организација со оглед на ризикот од присуство на опасниот вирус на ебола кај починатиот пациент. Доктор Јованка Костовска од Министерството за здравство предмалку на прес- конференција соопшти дека Светската здравствена организација сугерира телото на починатиот да остане во изолација. Тоа во моментов се чува во посебна просторија во мртовечница на Институтот за патологија во Скопје. Здравствените власти велат дека мора да се придржуваат до препораките се додека не добијат официјални податоци од референтната лабораторија во Германија.

Добра вест е што ниту еден од гостите или пак персоналот во хотелот во центарот на Скопје каде престојувал Британецот за кој постоеше сомнение дека починал од ебола, засега не покажуваат симптоми на каква било болест. Хотелот сепак останува под изолација се додека не бидат целосно извршени потребните анализи.

Во меѓувреме беше објавен и идентитетот на починатиот Британец. Се работи за Колин Џефри поранешен директор во фабриката Џонсон Мети кој беше и претседател на Советот на странски инвеститори во Македонија.

Се контролираат и аџиите

Во меѓувреме на граничниот премин Деве Баир пристигнаа првите автобуси со македонски граѓани кои беа на аџилак во Мека. На самиот премин тие се проверуваат од страна на здравствените власти кои ги информираат за процедурата. Досега се пристигнати неколку автобуси. Здравствени тимови, со специјална опрема ќе ги контролираат сите лица кои ќе пристигнат на овие два пункта. Секој аџија ќе добие соодветни инструкции за тоа што ќе треба да прави доколку добие некој од симптомите. Тие треба да бидат 21 ден под надзор. Слични мерки се преземаат и на аеродромот Александар Велики каде според најавите првата група аџии по воздушен пат треба да пристигне на 17 октомври. На аеродромите и на граничните премини обезбедени се и соби за изолација. Се набавуваат и специјални скафандери и носилки. Во меѓувреме британските медиуми, повикувајќи се на тамошните здравствени власти јавуваат дека постојат многу мали шанси дека починатиот бил заболен од ебола..Тој бил познат бизнисмен кој во земјава допатувал директно од Обединетото Кралство, а не бил на африканскиот континент цели три години. Здравствените власти апелираа на смиреност бидејќи можен заболен од ебола не значи и епидемија. Лекарите смируваат дека засега нема простор за паника. Еболата не се шири преку воздух, туку само преку директен контакт со заболен преку неговите излачевини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...