Надворешна проверка на знаењето на студентите ќе има

Скопје, 21 октомври 2014 (МИА) - Надворешна проверка на знаењето на студентите ќе има, а ќе се разговара за моделот на тестирањето. Министерството за образование и наука неодамна ја најави новината во високото образование -  државен испит за студентите по втора и по четврта година, а денеска тоа го потврди и премиерот Никола Груевски.

Она што МОН го најави како државен испит во високото образование, а во медиумите често се спомнува како екстерно, го применуваат повеќе земји, рече Груевски, наведувајќи ги како примери Данска, Британија, Австралија, каде што се спроведува екстерна евалуација, или  државен испит каков што има во земјите од Вишеградската група. За оваа новина Министерството веќе започна јавни дебати со студенти и професори и тие ќе продолжат. 

- Во овој момент размислуваме повеќе за државен испит, но се уште сме отворени да ги слушнеме размислувањата на сите кои имаат интерес да се вклучат во јавна дебата. Решението не е конечно, но дефинитивно е дека нешто мора да се промени, затоа што имаме факултети, па и цели универзитети каде проодноста на студентите е без знаење или без доволно знаење, каде што се ставаат деветки и десетки на секој, независно кој колку научил. Тоа е нездраво за едно општество. Тоа е правење штета на самите студенти. Тие стануваат, на некој начин, инвалиди во своето знаење. Добиваат диплома без знаење и понатаму не можат да просперираат, каде и да одат да работат. Можеби првиот впечаток дека имаат диплома ќе им помогне, но веднаш потоа ќе наидат на пречки, изјави премиерот Груевски по промоцијата на нови преведени стручни наслови.

Владата, нагласи тој, чувствува  одговорност да се промени таквата состојба.  

- Не можеме да дозволиме пред очи да поминува нешто што сите го знаат. Јавна тајна е дека во Македонија значаен дел универзитети или  одделни факултети го прават тоа, особено приватни. Не сите, но кај дел од нив владее девизата: ако плати, не смее да падне на испит и дека треба да има висока оценка. И кај самите студенти или кај дел од нив што одат на приватно образование, исто така владее девизата: сум платил и не треба да учам или не сум платил за да учам. Тоа е многу нездраво и е штета за тие луѓе. Тие се се уште млади и тоа можеби сега го гледаат како благодат - дека без потрошено време за учење ќе добијат високи оценки и диплома, но кога ќе влезат во реалниот живот, кога ќе треба да работат и заработат и да го обезбедат своето семејство, тогаш ќе сфатат каква штета им направиле тие што на таков начин им ги дале оценките, рече Груевски.  

Од тие причини, додаде, Владата мора да реагира, и Парламентот и целото општество.

- Жал ми е што опозицијата не застанува на наша страна за квалитет на образованието и за обезбедување ситуација во која секој што ќе положи ќе има знаење кое ќе го користи низ целиот живот, ќе живее со тоа знаење и со знаењето ќе го храни своето семејство, а не да биде на маргините на општеството, да живее во сиромаштија зашто нема знаење. Тоа се вредностите што треба да ги браниме. Затоа подготвуваме вакво нешто. Не за некому да му ја одземеме слободата или некого да го притиснеме и да имаме некаква контрола. Не ни треба никаква контрола, ни треба знаење, истакна премиерот Груевски и додаде дека од првите дебати што ги имал министерот за образование, од студентите има поддршка за оваа новина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...