Кај клучката за Групчин пронајдено лице со повреди од огнено оружје

Тетово, 21 октомври 2014 (МИА) - На автопатот Тетово-Скопје на околу 2 километри од клучката за Групчин, Љ.А.(46) од тетовско Ново Село денеска околу 10 часот бил пронајден со повреди од огнено оружје.

Како што информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски на Љ.А. му била нанесена прострелна рана во десната натколеница.  

Повредениот веднаш бил префрлен во клиничката болница во Тетово каде откако му била констатирана повредата и му била укажана лекарска помош  бил упатен на скопските клиники.

Полицијата и јавен обвинител извршиле увид на местото каде по добиената пријава од граѓанин бил пронајден повредениот и тука биле пронајдени траги од крв и нож на расклопување што биле земени за вештачење.

- Според првичните информации надлежните веќе  имаат сознанија за можниот сторител, но се работи на точно утврдување на неговиот идентитет  како  и причините и се друго поврзано што е поврзано со овој инцидент, рече Јосифовски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...