Средба Гашиќ-Јолевски

Македонија и Србија со одлична комуникација, отворен и конструктивен дијалог

Скопје, 22 октомври 2014 (МИА) - Македонија и Србија се две соседни исклучително пријателски земји кои соработуваат и се поддржуваат во сите области, вклучувајќи ја и одбраната. Потврда за тоа е и одличната билатерална комуникација и отворениот и конструктивен дијалог за прашања од заеднички интерес, истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски на заедничката прес-конференција по денешната средба со министерот за одбрана на Република Србија Братислав Гашиќ, во Белград.

Министерот Јолевски, кој се наоѓа во официјална посета на Република Србија, посочи дека оваа посета, освен што е насочена кон генерално унапредување на соработката со Србија, дава и можност за конкретизирање на проектите и темите на кои ќе се работи во иднина.

Во тој контекст, соопшти денеска МО, Јолевски се концентрирал на военото образование и преносот на искуства од учеството во мировни операции на Обединетите Нации.

- За нас од големо значење е развојот на процесот на едукација и тренинг, кој е еден од основите на секоја Армија. Токму затоа во рамки на оваа посета имам можност да се запознаам со капацитетите на Воената академија и на добропознатата и високо реномирана Военомедицинска академија, кои се импресивни, рекол министерот Јолевски.

Инаку, двете земји тесно соработуваат и во рамки на регионалните иницијативи, од каде произлезе и проектот за Балкански медицински сили, чиј центар ќе биде во Скопје.

Како можна опција за соработка, на средбите бил споменат Центар за обука на пилоти кој функционира во Република Македонија и размената на искуства од учествата во мировните мисии на Обединетите Нации, имајќи ја предвид позицијата на Србија како еден од најголемите регионални придонесувачи кон мисиите на ООН.

Министерот за одбрана на Србија, Гашиќ, изјавил дека двете земји имаат високо ниво на соработка која се карактеризира со голем процент на реализирани активности. Тој нагласил дека постои голем потенцијал за развој особено во контекст на размената на искуства, во мировни мисии, центрите во двете земји и можностите за развој на капацитети за реакција во случај на природни непогоди.

Во рамки на официјалната посета, министерот Јолевски остварил средба и со претседателот на Комисијата за одбрана и внатрешни работи во српскиот Парламент, Марија Обрадовиќ, а ги посетил и Воената и Военомедицинската академија.

На средбата во Парламентот на Србија, министерот Јолевски и претседателката на Комисијата за безбедност, Обрадовиќ, разговарале за начините на унапредување на соработката во одбраната, имајќи ги предвид одговорностите и обврските на националните парламенти. Тие се согласиле дека постои потреба од унапредување и интензивирање на парламентарната соработка во ова поле, како основа за интензивирање на соработката помеѓу двете земји.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...