Груевски во Брисел ќе се сретне со Филе и Даниелсон

Брисел, 24 октомври 2014 (МИА) - Премиерот Нилола Груевски денеска во рамки на дводневната посета на Брисел ќе се сретне со еврокомесарот за проширување Штефан Филе и директорот на Генералниот директорат за проширување на ЕУ Кристијан Даниелсон. 

Груевски вчера во Брисел учествуваше на редовниот Самит на Европската народна партија, а оствари средба и со претседателот на ЕПП, Жозеф Дол, која е прва средба откако францускиот политичар е избран за претседател на ЕПП, иако претходно тие имале голем број средби.

Според македонскиот премиер, важноста од оваа средба е огромна со цел претседателот на најголемата политичка партија во Европа, која е и најбројна во Европскиот парламент, да биде во тек со настаните во Република Македонија, што е важно во очекувањето на неговата помош за одредени прашања.

На маргините на Самит на ЕПП, премиерот на Република Македонија имаше можност и лично да му честита на Жан-Клод Јункер за изборот на новиот состав на Европската комисија, а оствари и низа куси и неформални разговори со премиерката на Норвешка, Ерна Солберг, со унгарскиот премиер Виктор Орбан, со членот на претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ. Претседателот на Владата на нашата земја, исто така се сретнал и со потпретседателот на ЕПП, Марио Давид и со шефот на пратеничката група на ЕПП во Европарламентот, Манфред Вебер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...