Промовирана книгата „Прилози кон историјата на македонската архитектура“

Скопје, 24 октомври 2014 (МИА) - „Матица македонска“ денеска го промовираше изданието „Прилози кон историјата на македонската архитектура“ од архитектот Вангел Божиновски.

Според авторот, книгата е посветена на историјата на македонската архитектура и е пионерски обид да се направи нејзин континуитет од почетокот на цивилизацијата, од неолитот се до 19 век. 

- Се обидувам во оваа книга да го фатам континуитетот на она што значи постојано живеење на еден народ на оваа почва. Оваа книга во суштина покажува дека Македонците никогаш не се отселиле, туку се првите староседелци на овој полуостров. Првите населби, првите куќи во Европа, се подигнати овде и тој континуитет на изразот кој е направен во неолитот, во смисла на архитектонско творештво, во смисла на урбано-просторно планирање, се случува токму овде. Ние сме само корисници на таа древна култура и цивилизација, изјави Божиновски. 

Тој додаде дека прилозите во книгата содржат факти кои укажуваат на множество детали важни воопшто за светското градителство кои, како што рече, на одреден начин аргументираат суштествување на некои елементи од историјата на архитектурата кои прво се применети во Македонија, а потоа претставуваат дел од светското наследство.

Книгата на Божиновски ја претставија архитектот Васил Иљов, писателот Санде Стојчев и проф. Петре Башевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...