Асфалтирањето на патот Маврово-Маврови Анови треба да заврши до крајот на ноември

Гостивар, 24 октомври 2014 (МИА) - Поставувањето асфлат на регионалниот пат Маврово-Маврови Анови се предивидува да заврши до крајот на ноември. Од почетокот на работите асфалтирана е половината од делницата, а пешачката патека е речиси готова.

Директорот на ЈП за државни патишта Љупчо Георгиевски при денешната посета на Маврово информира дека досега се комплетирани 2,5 километри, а подготвени за асфлтирање се уште 1,5 километар.

- Доколку временските услови дозволат и оваа делница ќе биде комплетирана до крајот на ноември. Во тек е испитување на свлечиштето кај Белички канал и таму се вршат подговтовки за проширување, рече Георгиевски.

Георгиевски констатира дека се доцни со реализацијата на проектот, но предвидува до февруари идната година тој целосно да биде завршен.

Вредноста на овој, за Мавровскиот регион, важен инфрстаруктурен зафат изнесува над 76 милиони денари (1,2 милион евра), а средствата се обезбедени од заемот на Светска банка.

Рехабилитацијата на „тесното сообраќајно грло" на обиколниот пат околу Мавровското Езеро се реализира по барање на локалната самоуправа Маврово-Ростуше. Градоначалникот Мукрем Мехмеди, претходно нагласи дека со реконструкцијата и проширувањето на оваа сообраќајница очекува подобрување на туристичката понуда и животот на жителите во мавровскиот регион.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...