Во Битола одбележан 24 Октомври - Денот на Обединетите Нации

Битола, 24 октомври 2014 (МИА) - Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими и министерот за труди социјална политика Диме Спасов, постојаниот претставник на ОН во Република Македонија Лузиа Винтон, градоначалникот Владимир Талески и претставници на Универзитетот „Св.Климент Охридски“, денеска во Битола на симболичен начин, со поставување временска капсула го одбележаа 24 Октомври – Ден на Обединетите Нации.

Националната манифестација се одржа под мотото „Светот што го сакаме во 2030 година“ и првпат во историјата на овој град, јавните личности од државата и студентите од Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола со пишување пораки кои ги ставија во временската капсула, посочија каква иднина сакаат во градот, државата и во светот во 2030 година.

- Сакаме свет со поголема еднаквост, поголеми можности и солидарност, свет во кој ќе се живее со поголема слобода и мир. Поставувањето на временска капсула иницирана од УНДП е со голема симболика затоа што тоа што го правиме денес ќе влијае на тоа што ќе се случува во 2030 година. Ова е можност да се сподели меѓугенерациската одговорност, и затоа јас во 2030 година посакувам Република Македонија да биде во ЕУ и НАТО, истакна Бесими. 

Своите пораки и желби за 2030 година јавно ги искажа и министеротСпасов кој нагласи дека ОН како светска организација го координираат општествено економскиот напредок на земјите во развој.

- Република Македонија како полноправна членка на ОН вложува максимални напори да ги постигне целите што ги има како земја која што се развива и напредува, а една од нив е и економската благосостојба за која клучно е отворањето на нови работни места, намалување на невработеноста и привлекување на нови инвестиции. Јас светот во 2030 година го гледам како Свет на млади луѓе и реализирани луѓе,млади лидери во сите сфери. Но, сега е времето кога мора да го разбереме новото време – што тоа бара и што тоа носи, и затоа ги повикувам сите млади да се надградуваат, учат и вложуваат во себе, порача министерот Спасов.

Семејството на ОН ќе продолжи да работи со Владата и со граѓаните за да обезбеди подобри можности и подобра иднина за сите, истакна Луиза Винтон, постојан координатор на Обединетите Нации во Република Македонија.

- Посебно внимание ќе посветиме на прашања како што се квалитетно образование и квалитетни работни места, намалување на семејното насилство, подеднаква застапеност на жените и мажите во политичкиот живот, еднаков пристап до сите граѓани до квалитетни јавни услуги, подобар пристап на лица со попреченост до услуги и вработување, поддршка за бегалци и азиланти и подобра подготвеност за справување со климатските промени, посочи Винтон.

Временската капсула е изработена од студентите од архитектонскиот факултет, во која сите учесници и над 1.000 студенти од цела Македонија имаа можност да остават разгледници од иднината со својата визија за свет во кој сакаат да живеат во 2030 година.

- Првпат, токму од Битола да ги испратиме сите наши желби, нашите размислувања до 2030 година. Изборот не е случаен, градот што во својата меморија има многу историски случувања може да биде центар на една ваква временска капсула. За опстанокот на планетата Земја треба сите да се бориме, сите луѓе и нации, сите ние кои имаме одговорност за нашиот еден и единствен дом – планетата Земја. Покрај природните предизвици, општествените предизивици се тие кои што најмногу ќе влијаат, а тоа пак најмногу се зависи од нас луѓето, од човекот и затоа не верувам дека е испразнет целиот капацитет на човештвото, напротив убеден сум дека допрва доаѓаат најголемите процеси за развој на човештвотот и кога доброто ќе излезе на површина и во прв план, истакна битолскиот градоначалник Владимир Талески.

На промотивниот настан во Битола, проректорката на Универзитетот „Св.Климент Охридски“, Јованка Тутеска потврди дека временската капсула е запечатена, и ќе биде чувана во Ректоратот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ во Битола се до 24 октомври 2030 година кога ќе биде повторно отворена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...