Министерот Изаири во инспекција на изградбата на регионалниот водовод во Зајас

Кичево, 24 октомври 2014 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири заедно со градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари денеска беа во инспекција на изградбата на регионалниот водовод во Зајас. 

Со овој регионален водово, истакна министерот Изаири, со вода за пиење ќе се снабдуваат неколку села од овој регион, а предвидено е  до крајот на оваа година да бидат завршени околу 50 проценти од проектот, додека останатиот дел ќе се гради во текот на идната година.

- Работите течат како што беше предвидено и се надевам дека сето тоа ќе заврши во предвидениот рок. Со овој проект сакаме да докажаме дека ќе продолжиме да инвестираме како влада секаде каде има потреба и секако и во оние места каде што живеат Албанците, истакна Изаири. 

Градоначалникот на општина Кичево Дехари истакна дека се гради во интерес на граѓаните онаму каде што е најнеопходно. Овој проект, информира меѓу другото, е во вредност од околу еден милион евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...