МВР и ракометарите на Вардар против насилството на спортските терени

Во рамките на проекот „Скопје-град без насилство“ за подобрување на безбедноста на јавни места и зголемување на толеранцијата меѓу младите денеска пред објектот на спортскиот центар „Јане Сандански“ во населба Аеродром ќе почнат активности за превенција на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари и подигање на свесноста на спортските навивачи во таа насока.

Непосредно пред почетокот на натпреварот помеѓу екипите на ЖРК „Вардар“ и ЖРК „Туринген“ од Германија на влезот од СЦ Јане Сандански, ќе бидат изложени два пулта со промотивни материјали со испечатено мото (навивачки шалчиња и удиралки за навивање).

Полициските службеници заедно со претставници-ракометари од машкиот ракометен клуб „Вардар“ и ученици од средното училиште „Владо Тасевски“ (кои се вклучени во едукативни работилници во рамките на проектот), пред почетокот на натпреварот, на посетителите ќе им поделат промотивен материјал.

Претставниците на Црвен крст на Македонија ќе изложат кутии за собирање донации кои ќе служат за оставање метални парички наменети за хуманитарни цели.

Проектот го реализира Одделението за превенција при СВР Скопје, со поддршка од Одделот за развој на полиција при Мисијата на ОБСЕ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...