Во Струга се одвиваат јавни расправи по четири нацрт-локални стратегии

Струга, 30 октомври 2014 (МИА) - Во организација на општина Струга и Фондацијата „Отворено општество-Македонија“, денеска и утре во Струга се одржува јавна расправа за нацрт- локалните стратегии за образование, за млади, за соработка со граѓански организации, како и за нацрт-стратегијата за социјална заштита.

Првата јавна расправа зе одржа за нацрт-стратегијата за образование, која според Сервер Шашко од општина Струга, е многу важна заради развојот на образованието и обезбедувањето подобри кадри.  

- Од март до ноември имавме прекрасни фасцилитатори  за успешно совладување на овие работи. Отидовме со сите потребни чинители кои ќе придонесат образованието во Општина Струга да оди напред.Свесни сме дека во образованието имаме многу проблеми.Од година во година се намалува бројот на ученици што е резултат на миграцијата, но од друга страна, треба да ги обновиме капацитетите и инфраструктурата во образованието и да им дадеме подобри услови на децата за да имаме во иднина добар кадар којшто ќе не води напред, појасни Шашко. 

Според Фани Каранфилова Пановска, програмски директор во Фондација „Отворено општество-Македонија“,нацрт-стратегиите по нивното донесување ќе придонесат за подобар развој на општина Струга, а граѓаните денеска и утре ќе можат да ги дополнат овие документи со квалитетни предлози и сугестии. 

- Нацрт-стратегијата за образование  работевме во една поширока партиципација на сите засегнати страни, од училишта, до граѓани, студенти, млади луѓе, со Агенцијата за вработување и сите засегнати релевантни институции. Лидер во изработка на страегијата е општината. Граѓаните денеска ќе можат да даваат свои предлози и сугестии како  сметаат дека тоа треба и може да се подобри за да може конечниот текст да оди на Советот на општина и да биде усвоен, се надеваме до крајот на годината, истакна на првата јавна расправа Каранфилова-Пановска.  

Во текот на денешниот ден ќе се одржи јавна расправа и за нацрт-стратегијата за млади на општина Струга, а утре пред граѓаните ќе се најдат нацрт-стратегиите за соработка со граѓански организации и за социјална заштита на општина Струга. 

- Многу ќе биде важно тие да бидат донесени од страна на општинскиот совет, а уште поважно ќе биде општината да издвои средства за да се имплементираат, додаде Каранфилова-Пановска. 

Изработката на локалните стратегии е дел од проектот „Општина по мерка на граѓаните“ кој партнерски го спроведуваат општина Струга и Фондацијата „Отворено општество - Македонија“. Во рамки на овој проект денеска беше отворен и Центарот на заедницата на општина Струга.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...