Продолжуваат бесплатните прегледи за рано откривање хронична бубрежна болест

Скопје, 31 октомври 2014 (МИА) - Десетте специјализирани нефролошки пунктови (амбуланти), кои спроведуваат бесплатни прегледи со цел рано откривање и превенција на хроничната бубрежна болест ќе продолжат со работа и во следните два месеца.

Како што соопшти Министерството за здравство, прегледите во амбулантите се со упат од матичен лекар во зависност од проценетата бубрежна функција преку лабораториски анализи.

Од Министерството го објавуваат и распоредот на работа на нефролошките амбуланти низ Републиката: 

Нефролошката амбуланта во Здравствена станица ЖЕЛЕЗАРА, работи секој петок од 8.00 до 14.00 часот. Во текот на следниот месец амбулантата ќе работи според следниот распоред: Д-р Христина Шалтановска (07.11), д-р Светлана Д.Цветановска (14.11) и д-р Весна Здравковска (28.11), додека во декември амбулантата ќе функционира според следниот распоред – д-р Христина Шалтановска (05.12),  д-р Весна Здравковска (12.12), д-р Елизабета  Солева (19.12) и д-р Светлана Д.Цветановска (26.12).

Во рамки на Клиничка болница Битола, нефролошката амбуланта функционира секоја среда, со термини од 07:50 до 14:30 часот. Во оваа нефролошка амбуланта работи д-р Јорго Бошев.

Во Клиничка болница Штип, нефролошката амбуланта работи секој вторник, од 09:00 – 11:00 часот, со следните 2 доктори: д-р Моника Нашкова (првите 2 недели од месецот) и прим. д-р Славе Димитров (вторите 2 недели од месецот).

Во Заводот за нефрологија Струга, нефролошката амбуланта работи секој ден и тоа, од понеделник до четврток  од 8:30 до 12:30 часот, додека во петок од 9:00 до 12:30 часот

Нефролошката амбуланта при Општа болница Прилеп, работи еднаш неделно, од 08:00 до 14:00 часот, а за претстојните два месеца, до крајот на годината, утврден е следниот распоред: 04.11.2014 (вторник) – д-р Жарко Митревски, 12.11.2014 (среда) – д-р Трајче Ржаниковски, 19.11.2014 (среда) – д-р Мате Дамјановски, 27.11.2014 (четврток) – д-р Жарко Митрески, 02.12.2014 (вторник) – д-р Жарко Митрески, 09.12.2014 (вторник) – д-р Трајче Ржаниковски, 16.12.2014 (вторник) – д-р Жарко Митрески,  23.12 и 30.12.2014 (вторник) – д-р Мате Дамјаноски.

Во рамки на Клиничка болница Тетово, нефролошката амбуланта работи секој четврток, од 09:00 до 15:00 часот, прегледи вршат следните доктори: од 09:00 до 11:00 часот д-р Роза Филиповиќ, од 11:00 до 13:00 часот д-р.Снежана Матовиќ и од 13:00 до 15:00 часот д-р Миталип Касами.

Нефролошката амбуланта во Општата болница Струмица, во текот на месец ноември ќе работи секој понеделник, од 10:00 до 15:00 часот, прегледите ги врши д-р Ели Карчева Сарајлија, а во текот на месец декември, секој вторник од 10:00 до 15:00 часот, прегледите на пациентите ги врши д-р Драган Кацарски.

Во нефролошката амбуланта при Општа болница Велес, д-р Владислава Христова работи секој вторник од 09:00 до 11:00 часот, а д-р Маргарита Алчева работи секој четврток од 18:00 до 20:00 часот.

Во Општата болница во Кочани нефролошката амбуланта работи од 08:30 до 16:00 часот, а прегледите ги врши д-р Борка Панова. Во претстојните два месеца, амбулантата ќе работи по следниот распоред:  04.11.2014 (вторник), 12.11.2014 (среда), 20.11.2014 (четврток), 24.11.2014 (понеделник), 02.12.2014 (вторник), 10.12.2014 (среда), 18.12.2014 (четврток) и на 24.12.2014 (среда).

Во Здравствен дом-Делчево во следните два месеца нефролошката амбуланта работи функционира во текот на цела недела од 12:30 до 14 часот, а амбулантата ќе функционира според следниот распоред:
Д-р Софија Станоева Стојановска –вторник (04.11), д-р Билјана Велиновска- среда (12.11), д-р Софија Станоева-Стојановска – вторник (18.11), д--р Билјана Велиновска –среда (26.11), д-р Софија Станоева Стојановска –вторник (02.12), д-р Билјана Велиновска – вторник (09.12), д-р Софија Станоева Стојановска- вторник (16.12), д-р Билјана Велиновска-вторник (23.12) и д-р Софија Станоева Стојановска – вторник (30.12).

Раното откривање на хронична бубрежна болест е главен предуслов за успешно спречување на губењето на функцијата на бубрезите. Бесплатните прегледи во 10-те нефролошки амбуланти се одвиваа континуирано во изминатите четири месеци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...