Промоција на „Скокни до Елен Скок 2014“

Дебар, 7 ноември 2014 (МИА) – Во присуство на граѓани од општините Дебар и Маврово Ростуше, претставници од Управата за заштита на културното наследство и други гости, денеска се одржа свечена промоција на активноста реализирана од Пилот проектот за локален развој на Дебар и Река „Скокни до Елен скок 2014“. 

Станува збор за уредување на оклината на мостот што, како што рече градоначалникот на Маврово-Ростуше, Мукрем Мехмеди, е плод на соработка на општините Маврово-Ростуше и Дебар, Националниот парк „Маврово“ Министертвото за култура, Управата за заштита на културното наследство, како и Советот на Европа.

- Ова е само дел од Пилот проектот, тоа е партерното уредување на околината на Еленски Скок, а ќе настојуваме и понатаму да го оплеменуваме целиот овој простор, со цел  заживување на овој дел од регионот и равој на културниот туризам. Како што зедено сме живееле така и заедно ќе го промовираме овој крај, вети Мехмеди.

За дебарскиот градоначалниик Ружди Љата, Еленски скок не е само атракција која секој посакува да ја види, туку објект со големо културно-историско значење.

- Овој крај е познат по многуте културно-историски споменици. Како што тука на овие простори заедно живееме ќе настојуваме да ги зачуваме, со заеднички сили и инвестици, заедно за заеднички живот, порача Љата.

За одржување на мостот, како што изјави директорот на ЈП Националниот парк „Маврово“ Онер Јакупоски, и понатаму ќе се грижи претпријатието. Тој најави изградба на пешачка патека во должина од 4,5 километери.

За Пилот проектот зборувше главниот координатор Снежана Герасимовска-Матевска а за  големиот број културно-историски знаменитости во овој регион директорот на управата за заштита на културното наследство Виктор Лилчиќ.

- Мило ми е што се наоѓам во ова магично место, кое изобилува со културни знаменитости и што заедно со Управата за заштита на културното наследство го реализираме овој проект. Проект  за ревитализација, покренување на одржливот развој, токму на овие две општини. Тука сме да промовираме само дел од Пилот проектот,  а тоа е уредувањето на околината околу мостот, кој е изграден во 18 век и низ кој некогаш поминувала значајна комуникација, рече меѓу другото Лилчиќ, набројувајќи и други културо историски споменици во овој поширок регион. 

Мостот „Еленски скок“ се наоѓа над Гарска Река наспроти село Могорче, во близина на месноста Бошков Мост, на десната страна од регионалниот пат Дебар - Маврово. Го добил името по извиениот лак  и претставува редок пример на мајсторството на луѓето од овој крај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...