Советот на општина Кичево без решение за проблемот со греењето на две училишта

Кичево, 20 ноември 2014 (МИА) - Советниците во општина Кичево денеска во рамки на 23 седница се обидуваа да изнајдат решение за проблемот со обезбедување нафта за греење за две основни училишта во градот кои веќе три недели ја бојкотират наставата.

Советникот од редовите на коалицијата „Кичевчани за Кичево“, Дејан Пандилски побара нафтата за греење да се обезбеди од буџетот на општината, но овој предлог од мнозинството не беше прифатен. По долга дискусија преседателот на Советот, Ќамил Алиу даде пауза за кординација.

По кординацијата, советничката на ДУИ, Ардита Дани предложи на дневен ред на Советот да биде точката според која, Советот на општина Кичево ќе бара Владата од државните резерви да ја обезбеди нафтата за кичевските училишта. Овој предлог со мнозинство гласови беше прифатен само од советниците на ДУИ, што значи против гласаа советниците на коалицијата „Кичевчани за Кичево“.

Седницата на Советот се уште трае и на дневен ред има 20 точки.

Градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари успеа да изнајде решение за проблемот кој го имаа кичевските училишта со електричната енергија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...